Започна вториот циклус на бесплатни обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица

Започна вториот циклус на бесплатни обуки за јава програмери и софтвер тестери, едни од најбараните профили на пазарот на трудот во ИТ индустријата. На проектот организиран од Агенција за вработување на Република Македонија во соработка со Семос Едукација како спроведувач на обуките, ќе можат да се пријавуваат сите невработени лица кои се заинтересирани за еден од следните програмски пакети: ORACLE – официјална обука за Java SE8 Programmer или ISTQB – официјална обука за тестери за квалитет на софтвер.

Иако станува збор за напредни ИТ вештини, кандидатите не е потребно да имаат претходни познавања во оваа област, односно потребно е само познавање на основните компјутерски вештини. Kандидатите потребно е да имаат минимум завршено средно образование и да бидат евидентирани како невработени лица без разлика на нивната возраст. Обуките ќе се спроведуваат во период од 2 до 4 месеци вклучувајќи настава со користење на официјална литература, подготовка на кандидатите за сертификација и спроведување на испити за стекнување со меѓународно признаен сертификат.

Овие обуки ќе ја зголемат вработливоста на 100 невработени лица и ќе обезбедат можност за стекнување на професионални вештини и квалификации за работни места кои се барани на пазарот на трудот. Навистина ни е драго што ние како тренинг центар и спроведувач на обуките на кои сме активно вклучени уште од 2010 година, помагаме на многумина да се преквалификуваат и пред сѐ да постигнат поголема конкурентност на пазарот на трудот.– изјавија од Семос Едукација.

Заинтересираните ќе може да се пријавуваат во сите канцеларии во Агенција за вработување на Република Македонија, a огласот ќе биде отворен сè до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати.

 

x

Check Also

Листа на желби: Розови сандали со помпони од H&M

Во колекцијата дизајнирана за крајот на летото, модната марка Х&М ни нуди ...