Започнува дводневен саем за туризам во Ист Гејт Мол – понуди, попусти и награди за летен одмор 2022

Промоција на атрактивни дестинации за одмор, релаксација и уживање ќе биде само дел од Саемот за туризам „VAS & JK TRAVEL FAIR 2021“ што започна од денеска 17ти декември и ќе трае до утре сабота во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје.

На саемот ќе бидат претставени хотели, ресторани, кампови, компании за патнички превоз како и потенцијални инвеститори во туристичката индустрија.

– ВАС Тур како водечки тур-оператор во областа на туризмот нуди одмор во секоја земја во светот и различни културни-спортски активности 365 дена во годината. Врз основа на тимската работа, долгогодишното искуство и професионалноста на персоналот понудите на ВАС Тур уживаат висок квалитет за своите клиенти. Како резултат на тоа, ние продолжувавме со организацијата на овој туристички саем во Тирана, Приштина и Скопје заедно со нашите партнери ЈК Травел, истакна Емрах Сејид, генерален менаџер на ВАС Тур Турција.

Исто така, 20 хотелиери од Турција имаат свои презентации кои на македонските граѓани им се познати бидејќи Турција, особено Анталија која е една од омилените дестинации за летен одмор. Токму овие два дена посетителите на саемот ќе имаат можност да го резервираат својот летен одмор и патување по специјални попусти директно на штандовите.

– Целта на овој саем е да им овозможи на партнерските агенции, но и на крајниот корисник, клиентот во овој случај, да комуницираат и одблиску да се сретнат со претставниците на овие хотели. Дополнително, овие два дена посетителите имаат големи можности за супер-понуди кои ќе им бидат достапни на клиентите достигнувајќи попусти и до 55%. Ќе има многу подароци, а сите посетители ќе бидат потенцијални добитници на подарок летување во Турција или Грција, вели Елизабета Кочева Јосифовска од ЈК Травел.

Настанот всушност започна во понеделникот на 13-ти декември во Тирана, потоа се одржа во Приштина, а завршува викендов во Скопје во организација на ЈК Травел и ВАС Тур Групацијата.

x

Check Also

E-banking како ново нормално при користење на банкарските услуги

Во последниве две години, како последица од глобалната пандемија, научивме како паметно ...