Запознајте го моделот Џиф, најпопуларното куче во светот

Годинава ја зема наградата за најпопуларно куче во светот, а минатата година Џиф влезе во Гинис како најбрзо куче на две нозе во светот. А дека е фраер, нема што!

j99

Неговото име е Џиф, а во неговото портфолио пишува дека е филмски глумец и модел. Вешто трча на своите две предни нозе, одлично борда, ужива да позира, а толку е сладок што не можете да не го засакате.

Џиф е најпопуланото куче и на социјалните мрежи, со околу милион ипол следбеници на Фејсбук и над 870.000 на Инстаграм, а има и своја Интернет страница.

Припаѓа на расата Померанец, најмалата раса од редовите на шпицот, многу темераментни и самоуверени кученца, а за разлика од славниот Бу, Џиф има и многу таленти.

kuce 1

Чест гостин е во телевизиските емисии и уште почесто може да го видите во друштво на познати личности.

j44

А дека е фраер, нема сомнеж. Погледнете ги само фотографиите.

 

x

Check Also

Новогодишна колеција на H&M

Моделките Хана Фергусон и Андреа Џакону, шефот Маркус Самуелсон и неговата сопруга ...