Запознајте го најновиот ангел на Викторија сикрет – Алексина Грем

Моделот Алексина Грем е нов ангел на Викторија сикрет.
По назначувањето на Барбара Палвин за нов ангел на Викторија сикрет, од популарната модна марка за долна облека доаѓа веста за уште еден нов ангел. Станува збор за британската манекенка Алексина Грем која се придружи на елитната група на ангели на Викторија сикрет.
 Во 2017 и 2018 година црвенокосата Алексина учествуваше во големите шоуа на Викторија сикрет.Таа моментно живее и работи во Њујорк. Била лице во рекламните кампањи на Burberry, Balmain, Brunello Cucinelli и L’Oreal.

 

-И благодарам на Викторија сикрет што верува во оваа црвена глава, многу сум почастена што сум дел од семејството на Викторија сикрет. Едвај го чекам она што следува“, напиша Алексина на својот Инстаграм профил. 

x

Check Also

Емили Ратајковски во секси фустан од Мајкл Корс

На црвениот тепих на наградите Тони, топ моделот Емили Ратајковски ги привлече ...