Запознајте ја Дарија Вербови – новото заштитно лице на Манго

Топ-моделот од Канада со украинско потекло е новата наследничка на Миранда Kер. 

 

Не сме изненадени од веста дека Миранда Кер, која неодмна е видена на сет-снимањата за Х&М, ја раскинала соработката со модниот гигант Манго. Шпанската марка во меѓувреме се одлучи за прекрасната Дарија Вербови.

Како ново заштитно лице топ-моделот позираше за својата прва кампања за Манго. На шпанскиот остров Ланѕароте, Дарија позираше прeд објективот на врвниот фотограф Џош Олинс.

На Дарија во кампањата и се придружија и низа успешни модели и филмски ѕвезди како Кејт Мос, Скарлет Јохансон, Пенепоп Круз, Наоми Кемпбел, Ева Херцигова и други.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...