Одри Хепберн фотографирана од Ричард Аведон и внуката на Одри, Ема Ферер, фотографирана од внукот на Ричард Аведон

Запознајте ја Ема Ферер, внуката на Одри Хепберн

Ако до сега не го знаевте името на Ема Ферер, веројатно ќе го запомните многу наскоро. Внуката на Одри Хепберн потпиша договор со Сторм Моделс, модната агенција која ја откри Кејт Мос на возраст од 14 години и ја претвори во супермодел. Со гени на Одри во комбинација со единствената убавина и личност, нема да бидеме изненадени ако истата слава и се случи и на Ферер.

ema 4

Ферер дебитираше како модел на насловната страница на септемвриското издание на Харперс базар, што воопшто не е лош начин да се започне една кариера. Но таа не е само едно убаво лице, 20-годишната убавица е студент на Флорентинската Академија за уметност.

ema 2

Поради модните ангажмани во јануари ќе се пресели во Њујорк, продолжувајќи го образованието на истата Академија која има свој оддел во Џерси. И покрај тоа што уметноста и е забавна, тоа не е нејзиниот ултимативен сон. „Посветена  сум на уметноста, на сликарството, но и на влегувањето во светот на естетиката во целина”, објаснува Ферер.

ema 3

И модните агенти од Сторм Моделс сметаат дека станува збор за исклучителна девојка со уметнички дух – „Ема е во срцето уметник, но таа исто така е заинтересирана да го развива својот профил во светот на модата и убавината – како дел од таа уметност. Таа има интернационален изглед, голем стил, навистина е шармантна и модерна млада жена“.

 

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...