Тамара Петровска има 18 години, а по само неколку настапи на ревии доби покана да учествува на интернационални избори за убавина во странство.
Судејќи според убавината, складните пропорции, волјата за успех и професионализам на оваа млада девојка, пред нас е уште едно ново лице кое може да очекува успеси на модната сцена надминувајќи ги границите на родната земја.
Оваа млада убавица наскоро ќе отпатува во странство со желба да започне модна кариера, а со поддршка на матичната модна агенција Пантермоделс.
Инаку, Тамара е одлична ученичка во гимназијата Раде Јовчевски Корчагин и член на КУД Орце Николов.
Па, еве и ние и држиме палци за среќа на првото модно патување.
М.М