Модната марка Zara преку нови едиторијали дозирано не информира што ќе содржи есенската колекција.
Овојпат, на ред се фустанчињата.
Во TRF колекцијата за постудените денови доминираат ригите, а во тренд ќе бидат фустаните дизајнирани како долги сакоа. Остануваат во игра и за следната сезона фустаните со рамни линии, миди и мини должините, како и широката палета на бои.
Модните комбинации пак, не не ограничуваат, односно – се може да се спои со се друго.
Во фотогалеријата, погледнете ги фустанчињата од есенската колекција на Зара.