ZARA има фенси модни парчиња во неон нијанса

Неонските нијанси (зелена, жолта и розова) ќе доминираат меѓу трендовските за сезоната пролет/лето 2019. Тоа лесно се заклучува според понудата на производи на луксузните модни марки, а неонски модели наоѓаме и во пролетните колекции на популарните „хај стрит“ модни марки.

Ким Кардашијан уште во текот на есенската и зимската сезона го најави трендот кој доаѓа, носејќи различни модни комбинации во неонски бои.

Чизмите во неонска нијанса и понатаму остануваат најпопуларни, особено моделите на чорапи-чизми (тесни чизми), а по пример на модната куќа Баленсиага. Сличен модел најдовме во Зара.

Во пролетната колекција на Прада веќе се хит неон-зелените чанти. Па очекуваме слична понуда и кај популарните хај стрит брендови, ако не во пролетните, секако за летните надополнувања.

Во Зара најдовме и салонки со високи потпетици во жолта-неон боја, а тешко може да одолееме и на здолништето во сличен тон.

Погледнете некои од новите неон-модели од ЗАРА.

x

Check Also

Капчиња и сламени шапки за лето 2019, еве каде да ги купите најубавите модели

Еден од најпотребните модни додатоци за топлите денови, покрај очилата за сонце, ...