Zara има сако-фустан по урнекот на луксузните модни марки

Годинава е во знакот на сако-фустаните кои ги освоија модните вкусови на ѕвездите кои ги облекоа овие необични „фустани“ на различни свечени настани.

Бела Хадид, Хајли Болдвин, Ким Кардашијан и Дајан Кругер

Сако-фустанот е или есктремно краток или со должина над колениците, а се носи на голо тело, исто како што се носи фустанот.

За сега, овие популарни модели беа достапни во продажба кај луксузните модни марки, секако по прилично „солена“ цена, но добрата вест е што во пролетната колекција на Зара најдовме сако-фустан како пристапна реплика на оние луксузните.

И нијансата е вистински погодок, што го прави овој фустан соодветен за секоја свечена пригода.

Сако- фустан, Зара

x

Check Also

Модна забава за девојченца – Pop Pop Hair Surprise, нов поп тренд меѓу играчките

Влезете во фантастичниотт свет на Pop Pop Hair Surprise. Оставете ги вашите ...