ZARA има сличен модел на сако-фустан кој го носеше Меган Маркл

На неодамнешниот хуманитарен настан за помош за едукација и здравствена заштита на децата од Африка, Меган Маркл носеше сако-фустан кој стана модна мамка за нејзините фанови, но и за љубителките на Маркл-стилот.

Сепак, мини фустанот со крој на сако, не е ефтин, достапен е во онлајн продажба на официјалната страница на канадската модна марка „Џудит енд Чарлс“ по цена од 595 долари. Дизајниран е од материјал кој содржи 97 отсто волна, со дворедни копчиња на предниот дел, а достапен е во црна и сина нијанса.

Џудит енд Чарлс

Неколку слични сако-фустани, но по многу попристапна цена, лесно ќе најдете на страницата на Асос. Цената им се движи од 2000 до 4000 денари. А, слични модели има и во Зара по прифатлива цена од околу 3-4.000 денари.

 

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...