ZARA лансира прва колекција на декоративна козметика

Имаме одлични понеделнички вести – Зара ја лансира првата мејкап линија.

Шпанската модна марка се одважи на ваков чекор и воведува козметичка линија во својата понуда. За почеток, во понудата се наоѓаат 20 нијанси на кармини – од класична црвена до нежно розова, сите во мат изданија, а достапни ќе бидат и моливи за усни во истите нијанси.

Линијата на декоративна козметика е инспирирана од „волшебната позадина на модните кампањи на Зара“.

x

Check Also

Трендови на коса: Фризурата „shaggy“ се врати на голема врата

На модната сцена се враќа таканаречената shaggy hair техника на шишање, која ...