Zara лансираше колекција на костими за капење

Во колекцијата пролет/лето 2019 на костими за капење од шпанската модна марка доминираат сите главни трендови, како и асиметричните дизајни. За комплетен изглед на плажа, тука се и сандалите во неонски нијанси, популарните плетени чанти, капчиња и модни додатоци за коса.

зара пролет/лето 2019

„Оваа сезона костимите за капење се дизајнирани земајќи го пред се во предвид комфортот. Бикините се направени од меки и еластични материјали, украсени со модерни принтови и детали. Комбинирајте го вашиот костим за капење со трендовски додаток за на плажа“, велат од Зара.

Во колекцијата ќе најдете асимтерични дводелни модели украсени со карнери, колорблок едноделни костими, едноделни костими во пастелни нијанси украсени со патенти, сандали во неонска нијанса на висока платформа, дводелни костими со анимал принт, едноделни костими со риги во силни нијанси и плетени чантички со модерни дизајни.

x

Check Also

Топ 4 комбинезони од летната колекција на Massimo Dutti

Ги сакаме комбинезоните зашто со нив не размислуваме многу со што ќе ...