ZARA најавува забавна пролет со интересни модели на чизмички и чевли

Шпанската модна марка Зара оваа година порано ги најави пролетните трендови, а судејќи според моделите на обувки во пролетната колекција, пред нас е забавна модна сезона.

Први в очи ни „паднаа“ еластичните чизми со висина до глуждовите и принт од усни. Потоа, тука се чизмичките со светки, а на сцената на патиките – претпоставуваме дека и вас „од прва“ ќе ве освојат белите модели на платформа со весел принт од пеперутки.

Едно е сигурно-оваа пролет ќе носиме бои! А модните додатоци во живи бои, секако придонесуваат за зголемено расположение.

x

Check Also

Голема распродажба со попусти до 80 отсто во Веро центар

Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе почне задутре (среда, ...