Модната марка Зара претстави дел од есенската колекција.
Во новиот тренди водич за сезоната на малку постудени денови позира супермоделот Саша Пивоварова. Акцентот е на бохо стилот, фокусиран на памучните материјали во комбинација со тантела, а целата колекција е во знакот на белата боја.
Од долги сукњи до макси кошула фустани со дискретни дупчиња и украсни копчиња, погледнете што ни носи шпанската модна марка за претстојната сезона.