Данската убавица Фреја Беха Ериксен е главно лице во едиторијалот на Зара насловен Punk 2.0 за сезоната есен/зима 2019. Позирајќи во студио, манекенката ни ги претставува есенските трендови од популарната шпанска модна марка, меѓу кои се нагласените металик нијанси, чипката и необичните ракави. Обетките во ретро стил и високите чизми со дебела потпетица се тука за да го заокружат есенскиот моден изглед. Во продолжение, погледнете што ни носи Зара за есен/зима 2019.