Заразната насмевка на Меган Маркл на роденденот на принц Чарлс (ВИДЕО)

Вчера, војводата и војвотката од Сасекс го направија своето прво официјално појавување како брачна двојка на прославата на 70-от роденден на принцот Чарлс во Бакингемската палата во Лондон. Настанот имаше многу незаборавни моменти, но и еден многу смешен момент. Имено, додека држеше говор во чест на родендент на својот татко, принцот Хари се „бореше“ со здодевната пчела која го мачеше. На крајот, принцот Хари ја прокоментира здодевноста на пчелата, а овој коментар предзвика смеење меѓу присутните.

Откако неколку пати замавна со раката за да ја протера пчелата која зуеше околу неговот лице, принцот Хари за кусо го прекина говорот, бидејќи го загуби „следењето“ на текстот, и јавно се пожали на здодевната пчела.

„Извинете, оваа пчела навистина ме привлече“, рече тој со насмевка.

Многу симпатична пак, беше реакцијата на Меган Маркл, која веднаш по забележката на Хари, почна да се смее. Дури и Камила, војвотката од Корнвол, се насмеа. Што се однесува до Чарлс, тој остана многу сериозен.

x

Check Also

Бред Пит и Џенифер Анистон повторно заедно

Бред Пит и Џенифер Анистон треба да глумат заедно во филм. И ...