Заштитата од сонце со производи кои содржат минерални филтри – најпогодна за детската кожа

Со оглед на фактот дека УВ-оштетувањата, црвенилата и изгорениците во детството го зголемуваат ризикот од рак на кожата подоцна во животот, детската кожа мора да биде правилно заштитена.

Нанесувањето крем за заштита од сонцето е клучно за сигурна и здрава кожа, а за детската кожа посебно е важно да се користи крем прилагоден на нејзините потреби. Вообичаено производите за заштита од сонце содржат хемиски или минерални филтри, а кои се разликуваат по нивното дејство. Хемиските филтри апсорбираат УВ-зраци, и потоа таа енергија ја ослободуваат како термално зрачење кое создава чувство на топлина. Минералните филтри пак, кои се најчесто аноргански минерални пигменти, ги рефлектираат, одбиваат УВ-зраците, не дозволувајќи им да навлезат во детската кожа

Заштитната бариера која ја создаваат минералните филтри ги прави ефикасни за заштита на кожата на малите деца и на бебињата, чија кожа е тенка и осетлива на сонце. Минералните филтри ги има во Интензивниот лосион за заштита од сонце со микропигмент СПФ 25 на Еуцерин, кој не содржи хемиски филтри, ниту додатоци за мирис.

За оние деца кои се доста активни, и почесто се на сонце поради тоа што си играат, се препорачува Лосион или спреј со СПФ 50+ на Еуцерин. Тоа се производи кои истовремено се и водоотпорни.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Сончев период, па пак многу студено време, како да ја надминете вознемиреноста?

Променливото време продолжува и во следните денови. Променливото, а студено време, влијае ...