Заштитете ги очите од штетната светлина на дигиталните уреди со HOYA Blue Control

Дигиталните уреди имаат заедничка карактеристика – емитување на сина светлина, позната како високо енергетска видлива светлина. Поради силниот интензитет, токму оваа сина светлина предизвикува замор и болки во очите, иритација, црвенило, суви очи, заматен вид, поспаност и главоболка. Дигитални уреди кои емитуваат сина светлина се мониторите, лаптопите, таблетите, мобилните телефони, GPS уредите, LEDи LCD телевизорите, всушност, сите уреди кои секојдневно ги користиме, дури и прекумерно, и кои се нераскинлив дел од нашето секојдневие.

Истражувањата наведуваат дека дури и кога овие уреди ги користиме набрзина, повторно сме изложени на проблемот со сувост и замор на очите, бидејќи очите се присилени на константно префрлање на фокусот меѓу текстот, сликите и илустрациите, често при голема брзина, што може да предизвика различни очни проблеми.

Па, доколку и вие чувствувате барем еден од наведените симптоми, време е да преземете мерки за заштита на вашите очи. Пред сѐ, добро е да почнете со соодветна далечинска поставеност на дигиталните апарати кои ги користите, од вашите очи. За компјутерите, на пример, најдобра оддалеченост е позицијата на екранот да биде поставена на оддалеченост на испружена рака, додека ТВ мониторите треба да бидат поставени во висина директно пред очите, или под нивото на очите на агол од 35 степени.

Добрата вест е дека отсега и корисниците на корективни стакла и оние кои немаат потреба од нив, можат да користат Blue Control заштитен слој кога ги употребуваат дигиталните уреди.

Кои се предностите на заштитните слоеви HOYA Blue Control?

Предностите се бројни. HOYA Blue Control анти-рефлексните слоеви ги намалуваат и омекнуваат одблесоците и силното канцелариско осветлување, го подобруваат контрастот со што даваат природна перцепција на боите, ги релаксираат очните мускули, ги спречуваат болките и заморот во очите и осигуруваат удобен и релаксиран вид. Секако, дополнително, ги чуваат очите во подобра состојба и го превенираат нивното напрегање, намалувајќи го отсјајот за удобен поглед. Анти-рефлексниот слој Blue Control не ја блокира сината светлина, туку го рефлектира само нештетниот дел од неа.

Анти-рефлексните слоеви се достапни и за диоптриски стакла, како и за стаклата без диоптер. HOYA заштитниот слој е петпати поотпорен на гребнатини, од стандардните заштитни слоеви и има петпати посилен антирефлексен слој кој гарантира удобна светлина од 99 отсто. Благодарение на хидрофобниот слој, капките вода, маснотиите и нечистотијата помалку се насобира на површината на стаклата, додека антистатик својството спречува прашината да се задржува на површината на стаклата.

Антирефлексниот слој HOYA Blue Control може да го најдете во сите поснабдени оптики.

Повеќе информации може да добиете на Фејсбук страницата на БетаМедико

https://www.facebook.com/BetaMedicoTrading/

или на телефоните (02)3239218 и (02)3217718

x

Check Also

Што НЕ ТРЕБА да јадете после тренинг ако сакате да ослабнете

За да ги почувствувате најдобро резултатите после тренингот, треба да внимавате и ...