Затворање на Desonanz Festival

Уште од моментот кога сме родени и низ текот на целиот живот, светот има тенденција да не вметне во веќе специјално изградени за нас кутии во кои треба да се вклопиме според матичен број, пол, раса, потекло, професија, интелигенција… Дали не дефинира кутијата во која се наоѓаме наместо она што сме одвнатре. Дали ќе се препознаеме себе си кога би се прoшириле надвор од физичкото тело? Дали сѐ уште би биле способни да постоиме кога би биле автентично ‘несодржани’?

Desonanz Festival ја затвора програмата за 2019 со премиера на еден храбар и уникатен перформанс – мултимедијалниот балет/танц перформанс концепиран од македонската балерина Ивана Коцевска – „КИНТСУГИ“ – претстава за траумите, повредите, навредите кои оставаат лузни од кои не треба да бегаме. Напротив, ги прифаќаме и ги носиме со гордост бидејќи тие се она нешто  кое придонесува при нашето  оформување, дел од искуствата кои не градат.

Танчери: Ивана Коцевска и Валентино Апостоловски

Музика: Димитар Николов

Костимографија: Милена Атанасова

Видеоарт: Петар Џон

Фотографија: Сашо Алушевски

Вечерта продолжува со настап во живо на германскиот електронски автор OAKE, продуцент кој со секое издание го дефинира и редефинира звукот на Берлин. После незаборавниот DJ сет во 2016, OAKE се враќа на Desonanz за да го презентира новиот студиски материјал после серија на изданија за 47, SNTS, Downwards и Stroboscopic Artefacts. Неговите настапи во живо се интензивна фузија на театрална перформативност со ригорозни техно-структури која создава романтични емоции сред дистопија на бруталистичка архитектура и первазивна автоматизација.

Вечерта заокружува со настапот на француското електронско дуо Parhelic Shell, проект кој на подиумот носи уникатна медитативна и хипнотична визија на современ техно звук кој подиумот го претвора имагинативна фантазма на аналогна психоделија.

Десонанз Фестивалот е организиран во соработка и партнерство на Гете-институт Скопје и 3.14 Брокули – Скопје.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје и Француски Културен Центар.

 

x

Check Also

 Винаријата „Сковин Група“ со новата берба ја продолжува традицијата на производство на вино од Скопскиот регион

Со бербата на грозјето Шардоне продолжува традицијата на производство на вино од Скопското виногорје. Винаријата „Сковин ...