Заврши ЕXPO 30 – настан кој во фокусот ја прикажа македонската мода, во организација на Боттега Евенти.
Оваа втора вечер се претставија Лидија Геогиева, Силвија Михајловска-Алшар, Митко Занов, Јована Филиповиќ и Тања Кокев.
За музиката се погрижија диџеите: Соул Кејс, Узун Баба, Џон Антонио, Чедо и Соња Исмаил, а потоа со своите ди-џеј сетови ги забавуваа гостите кои во експо зоната дегустираа пијалоци и деликатесни производи од десет македонски компании –Пивара Скопје, Гемак, Mamas Food, Винарија Тиквеш, Горска вода, Витаминка, Бако, Млекара Здравје Радово, Бимилк и Прима густо.
Инаку, вечерта започна со групната модна ревија на факултетите за моден дизајн, што даде посебна свежина на целиот настан. Претставниците беа од: Институт за дизајн и облека на ТМФ при УКИМ, Анастасија Петрески и Кристијан Арсовски; Данијела Савиќ од Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет; Фуркан Арифи од Универзитетот „Мајка Тереза“
Пошироката публика која не можеше да присуствува на EXPO 30 имаше можност да ги следи сите модни ревии онлајн и да ужива во настанот. И во двата дена на EXPO.30 беа спроведувани сите актуелно важечки протоколи за организација на настани донесени од Министерството за здравство.