Збогум, Арета Френклин

На 76-годишна возраст, почина кралицата на соул музиката, Арета Френклин.

По неодамнешната вест дека soul дивата е хосипитализирана во Детроит, денес стигна веста дека не напуштила Арета Френклин. Легендарната пејачка која е единствена жена во “Rock and Roll Hall of Fame”, водеше битка со ракот уште од 2010 година, а лани, поради болеста, одлучи да ја напушти музичката сцена. Нејзината кариера траеше повеќе од 50 години, а песните како што се Respect, Think и (You Make Me Feel Like) A Natural Woman запишани се во музичката историја. Дивата со еден од најпрепознатливите и навлијателните вокали освои 18 Греми награди, а дури 20 нејзини албуми завршија во Топ 10, додека бројни синглови се продадоа во милионски примероци. Списанието Rolling Stone ја прогласи за најголема пејачка на сите времиња. Со својата музика инспирираше бројни соврмени изведувачи, како Бијонсе, а со live настапите, дури и во постара доба, успеваше да ја маѓепса публиката.

x

Check Also

Работи кои најчесто забораваме да ги земеме на годишен одмор

Истражувањата покажуваат дека дури 40 отсто од луѓето кога се пакуваат за ...