Збогум, Азедин Алаја

Модниот дизајнер Азедин Алаја засекогаш ќе остане запаметен како голем уметник со порака.
Во 77-та година од животот почина Азедин Алаја, дизајнерот со туниско потекло, чии женствени и префинети креации ги обожаваат жените ширум светот.
Беше еден од ретките дизајнери кој слепо не ги следеше маркетиншките трендови. Последната ревија ја направи по долга пауза, и тоа годинава на париската недела за висока мода.
Неговото повлекување од модните случувања се случи откако во средината на 90-те години му почината сестрата, а тој одлучи ревиите да ги прави понатаму за интимен круг на луѓе и да ги претставува колекциите без маркетиншки распоред туку во свој ритам.
Беше познат како „крал на припиеноста“ поради дизајнот на тесните фустани кои ги популаризираше во 90-те години. Негов омилен модел беше Наоми Кемпбел.

x

Check Also

Кански филмски фестивал: Моделите на црвениот тепих

Освен глумците, на црвениот тепих на Канскиот филмски фествал се појавија бројни ...