Збогум, Кејт Бери!

Кога временски коинцидираме со трагедијата на нашите херои.

kejt 5

Временска безвременост. Симбол на слободниот дух, сензуалноста, женственоста, талентираноста, космополитизмот—она што сакаме да го наречеме духот на нашето време. Џејн Биркин, музата на некои од најголемите уметници на нашето време, мајка на три прекрасни и талентирани ќерки вчера ја загуби својата прва ќерка.

Џејн Беркин, Кејт Бери и Гензбур

Џејн Биркин, Кејт Бери и Гензбур

Кејт Бери, ќерка на филмскиот композитор Џон Бери (композитор на голем дел од музиката за филмовите Џејмс Бонд) и на Џејн Биркин, девојчето што ја придружуваше мајка си во нејзиното срамежливо појавување во Париз во времето кога цела Франција се вљуби засекогаш во нејзиниот шарм. Девојчето што живееше со Гензбур, што растеше сестрински со Шарлот, а подоцна и со режисерот Жак Дуајон и сестра си Лу Доајон, модерната икона на француската музика и мода, вчера (најверојатно по сопствена волја) си го одзеде животот. Неофицијално, станува збор за пад од четвртиот кат од зградата во која живеела во Париз, а биле најдени и антидепресиви во нејзиниот дом.

kejt 4

Кејт Бери фотографот, записничарот на стилизираните и молчаливиот сопственик на прекумерна чувствителност, за која нејзините сестри ќе речат дека постојано успева да се поврзе со најдлабокото кај луѓето и токму тоа да го долови во своите фотографии, повеќе ја нема.

Ние не ја познававме Бери. Ја видовме на едно интервју за францускиот ТВ канал „Канал +“ во кое со своите сестри и мајка си разговараат за својата работа пред секогаш желната за нив француска публика. Таму го слушавме нејзиниот глас и начинот на вербална комуникација со своите сестри коишто ја опсипуваат со комплименти за нејзината работа, додека таа остануваше повлечена, срамежлива, различна од трите нејзини најблиски жени.

Шарлот фотографирана од Кејт

Шарлот фотографирана од Кејт

Претпоставувам дека не е лесно да се живее опкружен со толку многу талент и енергија. Претпоставувам и дека очекувањата се секогаш поголеми, а сенките знаат да бидат претешки. Она што ни останува сигурно е дека сенката на прерано заминатата Кејт ќе продолжи да тежи во животот на нејзиниот син Роман, а и врз животите на трите преостанати жени од кланот Биркин.

Лина Данова

x

Check Also

Тага во модниот свет: дизајнерот Кензо Такада почина од коронавирус, ќе го паметиме по моќта на цветниот принт

Јапонскиот дизајнер Кензо Такада почина на 81-годишна возраст од компликации на коронавирусот. ...