Збогум, Кејт Спајд!

Моднaтa дизајнерка Кејт Спајд го нашушти овој свет на 55 годишна возраст. Шокантната вест која вчера пристигна од американските медиуми наведуваше дека прочуената дизајнерка извршила самоубиство.

Почина дизајнерката на весели и шарени чанти, женски модни додатоци и чевли дизајнирани во препознатливиот нејзин фенси стил. Името на Спајд беше едно од најпрепознатливите во светот на модата особено по нејзините весели, посакувани модели, пристапни дизајни и цени. Иако кариерата ја започна како дизајнерка на чанти, нејзината од нејзината модна империја, подоцна, почнаа да излегуваат и прекрасни линии на модни додатоци.

По ненадејната смрт на Спајд, се огласи нејзиното семејство – „Сите сме уништени од денешната трагедија. Ја сакавме Кејт и ужасно ќе ни недостига. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност, додека жалиме за време на овој многу тежок период за нас“.

Со тажна порака се огласија и вработените во компанијата на Спајд. „Почина Кејт Спајд, визионерот и основач на нашиот бренд. Нашите мисли се со нејзината фамилија во ова срцепарателно време. Почестени сме со сета убавина која таа ја донесе на овој свет“.

Спајд ја основаше својата модна марка во 1993 година со нејзиниот иден сопруг, а тогаш пријател, Енди. Според интервјуто во Њујорк Тајмс, од 1999 година, дизајнерката започнала да ја гради модната марка со дизајнирање на чанти кои се софистицирани и функционални. Многу брзо, чантите на Спајд почнаа да ги носат славните личности. Заедно со сопругот, Кејт Спајд отвора продавница во СоХо, Њујорк, во 1996. Во периодот од речиси две децении, империјата Спајд се проширува со 140 продавници во САД и уште 175 продавници низ целиот свет. Поризводите на брендот исто така беа пласирани и во најпопуларните стоковни куќи.

Во 1999, сепак, Спајд и нејзиниот сопруг го продадоа брендот на групацијата Неиман Маркус. Самата Кејт, подоцна, го продаде и својот дел во компанијата, во 2006, со цел да посвети повеќе време на ќеркаси.

Иако, Кејт не беше директно инволвирана во брендот кој понатаму го носеше нејзиното име, таа продолжи да работи како моден дизајнер се до нејзината прерана смрт. Во 2016 година, заедно со сопругот, влегоа во нова авантура на дизајнирање на чанти, под името кое беше посветено на двајцата дедовци на Кејт – Френсис Валентајн. И оваа модна марка за брзо време стана успешна, а работата од чанти се прошири и на чевли. Сепак, одлуката на брачниот пар беше да не си внесуваат во животот големи стресови, односно да не се шират со продавници низ светот, туку да се сконцентрираат на онлајн продажба.

Кејт Спајд беше многу почитувана модна дизајнерка од страна на нејзините колеги, а нејзините модели беа обожавани од познатите личности.

x

Check Also

Изглед на денот: Џиџи Хадид во чизми од MANGO

На Модната недела во Њујорк, топ моделот Џиџи Хадид носи интересна модна ...