Збогум Лаура Биаџоти, кралица на кашмирот

Италијанската модна дизајнерка Лаура Биаџоти почина на 73-годишна возраст, во болницата Сант Андреа во Рим, кадешто беше примена по срчевиот удар.

Позната како кралица на кашмирот, Биаџоти беше една од најважните личности во модата Made in Italy.

Беше родена во Рим кадешто посветено работеше на моднито дизајн. Модната фабрика ја наследи од семејството, а модниот бизнис го започна нејзината мајка во 60-те години, од која Лаура Биаџоти учеше. Подоцна, оваа фабрика Лаура ќе ја трансформира во вистинска модна империја.

Во 1972 година дебитираше со првата колекција која го носеше нејзиното име. Набрзо името Лаура Биаџоти стана синоним во светот за луксузна облека. Во модниот бизнис ја вклучи и нејзината ќерка Лавинија, која во последните години насекаде беше во друштво на мајкаси.

Лаура и Лавинија Биаџоти

Биаџоти е позната и како страсен поддржувач на археологијата и современата уметност, истовремено и како колекционер на уметнички дела.

Нејзините дизајни наменети за жените се „нежни како прегратка“, и самата сакаше така да ги дефинира. Во колекциите доминираа креациите од кашмир, а од боите – белата со сите свои нијанси.

Од колекцијата Лаура Биаџоти пролет/лето 2017

По нејзината смрт, модниот бизнис ќе го преземе нејзината ќерка Лавинија.

 

x

Check Also

Скопје Мериот хотел заедно со Црвен Крст ќе собираат донации за социјално загрозените семејства

По повод одбележувањето на Светскиот ден на гладот, Скопје Мериот хотел и ...