Збогум на дизајнерот на чевли, Серџо Роси

Италијанскиот дизајнер на чевли Серџо Роси почина на 85 годишна возраст.

Позитивен на коронавирус, славниот дизајнер на чевли Серџо Роси почина во болницата Буфалини во Чесена, каде што беше хоспитализиран цела недела.

Коронавирусот не избира дали си славен или не. И овој пат се најде големо име на листата на починатите: Серџо Роси. Дизајнерот починал ноќта на 2 април во болницата Буфалини во Чесена, каде што беше хоспитализиран од 27 март. Смртта ја објави неговиот син на Инстаграм.

Неговата состојба се влошила веднаш откако открил дека е заболен од коронавирус. За борба против короноварисот, само неколку дена пред смртта на Роси, брендот донесе одлука да донира 100 илјади евра и 100% од продажбата на Интернет од 14 до 20 март во болницата Сако во Милано.

И неговиот син, Џанвито Роси, сопственик на хонономната модна марка, заедно со семејството донираше 100 илјади евра за борба против коронавирусот.

 

x

Check Also

Започнува продажбата на спектакуларниот HUAWEI Mate Xs и на македонскиот пазар

 Од вчера, најиновативниот производ до сега, се продава ексклузивно во продажните салони на ...