Збогум, Неда Арнериќ

Српската глумица Неда Арнериќ почина во Белград на 67-годишна возраст, јавуваат српските медиуми.

Беше една од најголемите филмски диви во поранешна Југославија. Глумела во над 110 филмови и телевизиски улоги, остварила над 40 театарски претстави, а никогаш не заврила академија за глума на која се запишала на 16.годишна возраст.

Славната глумица имала три брака, а повеќе од 35 години била во складен брак со Милорад Мештеровиќ, кој починал минатата година по тешко боледување. Заминувањето на Милорад, Неда не можела да го преболи. Во последните години, се борела со депресијата, а само за две години имала два обида за самоубиство – првиот пат кога случајно паднала од балконот, а вториот – кога испила голема доза на таблети.

Минатата година го дала последното интервју за српското списание „Хелоу!“ во кое зборувала за желбата да ја напушти Србија.

-Учев странски јазик на стари години, оној најтешкиот. Успешно го совладав германскиот, имам и сертификат. Извесно е да се преселам во Австрија кадешто имам мал стан на Алпите. Како годините минуваат и како полека се опуштам во пензија, себе се повеќе се гледам во тие предели, рекла Неда.

Веста за смртта на легендарната глумица го потресе целиот регион, а обожавателите и колегите се опростуваат од неа на социјалните мрежи.

„Беше голема“, „Си одат една по една легенда, тука останува празнина“, „Ви благодарам за секоја сцена, за секоја изговорена буква“, „Мојата генерација ќе ја помни како сјајна ѕвезда на југословенската кинематографија. Напатената душа заслужи да си го најде мирот“, „Сериозните и паметни луѓе се повлекоа, остана само баграта и лошотилукот“…, ова се само некои од пораките постирани на социјалните мрежи.

x

Check Also

Huawei ги поканува сите свои верни поддржувачи на глобалната онлајн премиера на новата P40 серија

Глобалната премиера на новата, долгоочекувана серија Huawei P40 е закажана на 26 ...