Збогум, Ники Лауда!

На 71-годишна возраст почина трократниот светски првак во Формула 1, Ники Лауда.

Легендарниот возач на формула 1 беше еден од најславните во светот на автомобилските натрпревари, а ќе остане запаметен по враќањето на патеката откако беше тешко повреден во несреќа во 1976 година на германскиот Гран При. Лауда кој преживеа трансплатација на белите дробови минатиот август, „мирно починал“ во понеделникот, објави неговото семејство.
По фантастичната кариера на возач на автомобили и формула, Лауда стана бизнисмен во авионската индустрија, а потоа и неизвршен водач на тимот на Мерцедес за Формула 1.
-Неговите единствени постигнувања како спортист и бизнисмен ќе останат незаборавни, неговата неуморна страст за акција, и неговата храброст ќе останат пример и мерка за сите нас, извести семејството.

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...