Збогум Њујорк! За првпат Викторија Бекам претстави колекција на Лондоснката модна недела

По десет години од лансирањето на сопствениот бренд, поранешната „Спајс“ девојка, Викторија Бекам, одлучи наместо во Њујорк да ја претстави новата колекција на Лондонската модна недела.

-Лондон е моето срце и мојата душа, совршена мешавина на традиција и смелост. Њујорк е чиста енергија. Ја сакам неверојатна светлина и опуштена атмосфера на Лос Анџелес, додека Париз има уникатен шарм и елеганција, вели дизајнерката Викторија Бекам.

За колекцијата пролет-лето 2019 година, дизајнерката избра да ги покаже заедно на модната сцена и жените и девојките. Позитивните коментари од важните модни критичари се на нејзина страна.

-Колекцијата е шик и разновидна, многу современа, пишува модната критичарка Елизабет Патон за „Њујорк Тајмс“.

x

Check Also

Изглед на денот: Џенифер Анистон во фустан кој визуелно го стеснува струкот

Глумицата Џенифер Анистон блесна на настанот на „Veriety“ -Power of Women, кој ...