Збогум, Отавио Мисони

Семејството Мисони ја објави смртта на модниот гениј Отавио Мисони, основачот на марката „Мисони“. Отавио Мисони мирно починал во неговиот дом во Варезе. otavio rosita 1989
Отавио Мисони, еден од најпознатите креатори, фасцинантен, харизматичен и обожаван во модната индустрија, уметник и спортист, револуционер во модниот дизајн, мирно почина утринава во својот дом, на возраст од 92 години.
Роден во 1921 година во Дубровник од каде со семејството подоцна се преселува во Задар, Отавио имаше возбудлив живот, полн со предизвици и успеси. Од својата 16 до 32 година беше атлетски шампион во дициплината 400 метри спринт со пречки, со осум освоени титули во Италија и златен медал на Светското студентско првенство во 1939 година.
Набргу потоа, Мисони се приклучил на италијанската армија (1942.), учествувал во повеќе битки, бил затвореник во Египет цели четири години, а во Италија се враќа во 1946. Две години подоцна ја сретнува жената на својот живот, Росита, млада девојка која работела во фабриката на своите родители за производство на плетени шалови. Со Росита се венчава во 1953. и започнуваат сопствен бизнис отворајќи мала работилница во гратчето Галарете, каде почнуваат да произведуваат плетени колекции. Така се раѓа марката „Мисони“ која пред јавноста се претставува на првата модна ревија во 1966 година.
otavio 1
За кусо време „Мисони“ прераснува во вистинска модна империја.
misoni kolekcija
Росита и Отавио во бракот добиваат три деца, Виторио, Анџела и Лука, кои подоцна се вклучуваат во семејниот бизнис. По трагичната смрт на Виторио (во авионска несреќа која  се случи на крајот на јануари  годинава, во близина на брегот на Венецуела), денес компанијата „Мисони“ ја водат Анџела и Лука.

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...