На 74-годишна возраст почина великанот на модната фотографија – Питер Линдберг.
Линдберг е германска легенда која го одбележа 20-от век и првиот дел на 21от век.
Линдберг е познат, пре се, по тоа што токму преку фотографиите создаде светски супермодели. Осеобено е позната неговата црно-бела фотографија за британскиот Вог на која позираат Наоми, Синди Крафорд, Татјана Патиц, Кристи Тарлингтон и Линда Евангелиста.
Добитник е на бројни престижни награди за фотографија. Ќе биде запаметен како еден од најпочитуваните и најбараните модни фотографи, како и по неговото мото „Жената е секогаш поважна од облеката која ја носи“.