Збогум, Соња Рикел!

Француската модна дизајнерка Соња Рикел вчера почина во Париз на 86-годишна возраст.

ri77

Нејзината модна приказна беше многу револуционерна, а започна во 1968 година со отворањето на првиот бутик на Rue de Grenelle. Набрзо Рикел станува амбасадорка на парискиот стил акцентирајќи ја индивидуалноста. Со години влијаеше на дефинирањето на француската модна и културна сцена.

ri7

Тантелите, штрасот, шарените пруги и плетените пуловери со текот на годините станаа силен синоним за марката Соња Рикел. Заслужено Рикел го носеше надимакот „Кралица на плетките“.

Легендарната црвенокоса дизајнерка во текот на богатиот деловен живот ги собра сите најголеми награди за мода и дизајн. Зад себе остави и девет книги.

x

Check Also

Неделен хороскоп (19ти до 25ти август): Топ знаци на неделата – Девица, Бик и Јарец

Во престојната седмица Венера ќе го напушти знакот Лав и ќе влезе ...