Здрав и превкусен сладолед од авокадо

Здравствените предности на авокадото ни се познати, но дали сте го пробале во замрзната форма?

За до подготвите овој вкусен сладолед потребно е:

– 2 зрели авокада

– 8 лажици млеко

– 4 лажици шеќер во прав

– 2 лажици какао во прав

– 60 грама темно чоколадо

– 2 лажици масло од кокос

– шака фстаци

Подготовка

Авокадото исечкајте го на парчиња, ставете ги во блендер се додека не добиете кремаста смеса. Потоа додадете го млекото, шеќерот и какаото во прав и продолжете да миксате уште неколку минути.

На пара растопете ја чоколадата со кокосово масло, мешајќи цело време. Растопеното чоколадо додадете го на смесата во блендерот и се заедно добро измиксајте го.

Истурете ја смесата во сад  и оставете ја во замрзнувач најмалку три часа.

Сладоледот сервирајте го декориран со парченца авокадо и исечкани фстци.

x

Check Also

Модар патлиџан на грчки начин

Освен карактеристичната грчка салата, во традицијата на Грците е пред јадење или ...