Здрав коктел „Терминатор“ за согорување на масти

Ако не сакате да јадете зеленчук, природните сокови се одличен начин за внес на потребни намирници во телото. Ако искомбинирате вистински намирници, ќе добиете напивка која топи масти и го ослободува организмот од токсини.

Потребни намирници – 1 големо цвекло, 3 моркови, 5 стапчиња целер, 1 шака свеж спанаќ, 1 јаболко, 2 ротквици, 1 краставица, 1 корен од свеж ѓумбир (максимална големина од 1 см), 1 лимон.

Подготовка

Исчистете го заленчукот, убаво измијте го и изрибајте го или исечкајте на ситни парчиња. Потоа ставете го во блендер и блендирајте додека добиете глатка смеса. Додадете вода по желба колку напивката сакате да биде густа.

Од пијалокот „Терминатор“ пијте секојдневно (за појадок и меѓуоброк). Не само што ќе го прочистите организмот, туку и ќе забележите како после извесен период на конзумирање слабеете на најкритичните места.

 

x

Check Also

3 најдобри смути за слабеење

Ако сакате да ослабнете, најдобро е да конзумирате едно од овие смути ...