Здрав појадок кој долго ќе ве држи сити, домашни кекси од банана и овес

Кексите од банана и овес се совршени за појадок, иако може да понесеме од нив и на работното место, за здрав меѓуоброк. 

Намирници – 2 зрели банани, 100 грама овесни снегулки, малку лешниици.

Подготовка – Излупете две зрели банани, исечете ги на ситни парченца и додадете им 100 грама меки овесни снегулки. Со вилушка изгмечете ги бабаните и соединете ги со меките овесни снегулки додека да добиете еднолична смеса. На хартија за печење со лажица распоредете ја смесата за кекси и еднакво обликувајте ги. Може да ги попрскате со здробени лешници. Колачињата ставете ги во рерна и печете ги на 200 степени околу 15-на минути.

x

Check Also

Со босилек и мраз против убод од комарци

Тешко е во ова време на годината да се одбраниме од здодевните ...