Здрава храна која не треба да се јаде пред спиење

Мрсна храна, тешко месо, но и мрсни сирења и кашкавали, не треба да се јадат пред спиење зашто предизвикуваат несоница и го покачуваат крвниот притисок. Но, на квалитетот на сонот влијаат и некои видови на здрава храна. Во продолжение, проверете кои.

Карфиол, брокула

Полни се со витамини и минерали кои се неопходни за правилна работа на организмот. Сепак, не треба да јадете од нив во вечерните часови, особено не пред спиење, бидејќи содржат прехранбени влакна кои долго се „варат“ во организмот и го нарушуваат сонот.

Цитруси

Лимонот, портокалот и грејпфрутот се одлични извори на витамин Ц, но експертите советуваат да не ги јадете после 17 часот. Киселината од ова овошје може да предизвика тегоби во желудникот, но подеднакво и да ве задржи подолго будни во вечерните часови кога тоа не го сакате.

Домати

Доматите се силни антиоксиданси, содржат ликопен кој го чува здравјето на срцето и на крвотокот. Но немојте да јадете домати и сосови од домати во вечерните часови зашто оваа здрава намирница често знае да направи тегоби во желудникот и стомакот. Меѓу сонот и вечерата треба да поминат најмалку три часа за да му дадете шанса на желудникот да ги „свари“ доматите без билокаков проблем.

x

Check Also

Проф. д-р Кристина Митиќ, специјалист по болести на устата и пародонтот  

  Македонија треба да ги следи светските искуства и да го препознае ...