Здрава храна: Протеински колачиња од путер од кикиритки

Слатко задоволство за љубителите на путерот од кикиритки и секако, на здравата исхрана. Само за 20 минути ќе бидат готови овие колачиња за кои ви се потребни само три состојки.

Намирници за 3 порции:

-30 грама чоколада

-100 грама путер од кикиритки

-40 грама whey протеин

Подготовка:

Чоколадата исечкајте ја на коцкички и соединете ја со путерот од кикиритки и протеинот. Смесата поделете ја на 6 дела и формирајте топчиња. Распоредете ги на харијата за печење и со дланката благо сплеснете ги. Печете ги 15 минути на 200 степени.

Чувајте ги во тегла или во метална кутија.

x

Check Also

Летна тава од рерна: Тиквички со пармезан и јогурт

Повкусно и не може да биде. Лесно летно главно јадење карактеристично се ...