Здрава зелена напивка за младешки изглед

Тајната на младешкиот изглед не се крие само во скапите козметички препарати, туку и во природните состојки кои ги има во зеленчукот.

Еве еден рецепт за напивка која го чува здравјето, ја подмладува кожата и помага во регулирањето на телесната тежина.

За подготовка на природната „фејс-лифтинг“напивка која на вашата кожа ќе и даде цврстина и еластичност потребни ви се : краставици, целер и органски зелен чај.

Кофеинската киселина и витаминот Ц имаат смирувачко и благо дејство, а силицинската киселина е многу важна за одржување на здравјето на мускулите. Таа го подобрува тенот и го одржува здравјето на кожата, а во комбинација со водата природно ја хидрира и дава на кожата здрав сјај.

Б комплекс витамините кои ги има во целерот го стимулираат претворањето на јаглените хидрати во енергија, го спречуваат штетното дејство на слободните радикали и кожата ја прават да биде здрава и сјајна.

Високото ниво на антиоксиданси, вклучувајќи ги витамините Ц и Е со кои се богати го забавуваат процесот на стареење на кожата.

За оваа напивка потребни ви се:

– 2 излупени свежи краставици

– 4 стебленца од целер

– 2 чаши органски зелен чај

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и добро изблендирајте, по потреба додадете малку вода доколку мешавината е многу густа.

Напивката пијте ја што е можно поскоро по подготовката.

x

Check Also

Самопотемнување без флеки на телото, во неколку чекори

Стилистката Џеклин Хил која е една од најуспешните советници за убавина на ...