Здравата храна на Виталиа чекор до вас на плажа

Започнете го одморот на совршен начин и изберете атрактивна дестинација, песочни плажи,  кристално море и задоволство од здрава храна

Ако сте од оние кои секојдневно се грижат за својата форма и за време на годишните одмори, доколку вашето тело се спротивставува на  тешките и мрсни оброци од локалните ресторани, и наместо тоа избирате здрави намирници на плажа,  тогаш  вреди  да знаете дека тимот на Виталиа се погрижи одморот да не биде изговор за јадење брза храна.

Со Виталиа плажата претставува совршено место за создавање и практикување на навиките за здрава исхрана.

Мислевте дека нема совршена понуда за вас ова лето?

Доколку се одлучите за грчките летувалишта: краците, Лефкада, Крф Крит, тогаш имате можност да ги конзумирате  посакуваните  производите на Виталиа, кои ги користите во секојдневната исхрана и ви овозможуваат здраво тело и добра форма.  Покрај локалните супермаркети во Солун и на Халкидики, производите на Виталиа се продаваат и во добро познатиот ланец Масутис, како и во Џамбо. Но, Грција е само една од ланецот туристички дестинации за креативниот дух на авантуристите. Саранда и Корча во Албанија, Сончев брег во Бугарија, потоа Хрватска ,Турција, Црна Гора, Португалија, Франција се летувалишта каде брендот Виталиа е на дофат на вашата рака .

Ако барате краток пат до здраво и фит тело дури и кога патувате, тогаш широката палета на Виталиа нуди спектар на здрави производи со висок квалитет и тоа: диететски и дијабетски производи,  житни снегулки и мусли, сушени овошја, органски и сирови производи. Сите тие се идеална замена за тешките оброци во летниот период.

Задоволствата и практичноста одат заедно, оттаму пред да одлучиме кој вид на храна ќе го понесеме потребно е да напоменеме на изобилството на песок на плажите, сонце, ветар, дожд, промени кои се дел од секое патување.

Наместо да се грижите за оваа слика можете со себе да понесете готов појадок од комбинирани житарки, и сето тоа  спакувано во практично пакување отпорно на влијанието на климатските промени.

A за уште похрабрите авантуристи, Виталиа неодамна го направи својот прв извоз во Малезија, Сејшели, Тајван, Маурциус, Панама и Куракао, така што доколку изберете далечна дестинација ова лето сметајте дека и таму ги имате омилените производи што ве одржуваат во линија.

x

Check Also

Еден круг низ градот?! – Пријави се на Скопје на точак

Бесплатно пријавување, дружење и подароци на најновиот велосипедски караван, Скопје на точак ...