Здравствени придобивки од возење велосипед!

Последните години, актуелни се предностите од изборот на велосипедот како превозно средство во урбаните средини.

Доколку автомобилот го замените со велосипед веројатно е дека побрзо ќе стигнете на работа, бидејќи користите мрежа на велосипедски патеки, избегнувате гужви, притоа не мора да плаќате паркинг ниту бензин, да се грижите дали прописно сте се паркирале, или не дај боже пајак ви ја собрал колата!

Настрана од индивидуалните придобивки, со велосипедот како превозно средство нивото на загадување и бучава се намалува, имаме побезбеден и еколошки транспорт, што севкупно влијае да имаме почист и поубав град. Нема подобро превозно средство од велосипед, за на работа, за прошетка, за на кафе со пријателите, за на факултет… велосипедот е најдоброто нешто што може да му се случи на еден човек и на еден град!

Во продолжение се четирите главни здравствени придобивки од возењето велосипед:

Велосипедот ја подобрува работата на срцето. Ова симпатично превозно средство на две тркала помага во намалување на крвниот притисок дури до 30%, и директно придонесува да имаме поздраво срце.

Се чувствувате подобро и со поголема самодоверба. Одберете си секојдневна рута која ќе ја возите со велосипед. Докажано е дека со секојдневно и континуирано возење се лачат хормони кои ви создаваат чувство на опуштеност и среќа, што е нешто драгоцено во денешното стресно секојдневие!

Помага при намалување на тежината Ако целите кон тоа да се ослободите од вишокот килограми, возење велосипед ќе ви биде корисна алатка.

Помага при намалување на болки од повреди. Луѓето со повреди на колената или остеоартритис, докажано е дека чувствуваат намалување на болката кога во својата секојдневна рутина вклучуваат возење велосипед.

Со возење велосипед не само што покажуваме грижа за себе и својата околина, ја покажуваме и нашата хумана страна. Вклучувајќи се во иницијативата “Вози од срце” на Стопанска банка АД – Скопје, индиректно помагаме во донација на средства за набавка на медицинска опрема за Универзитетската клиника за детски болести, оддел за кардиологија.

Учеството е сосема едноставно! Возиме од срце за срце.

Приклучете се на www.voziodsrce.mk и поврзете го вашиот Strava профил, кој потоа ќе го уклучувате при возите велосипед. Целта е заедно да извозиме 1.000.000 километри, по што Стопанска банка АД – Скопје ќе ја набави и донира медицинската опрема. Сите возиме, Стопанска банка донира.

 

x

Check Also

Не фрлајте ги семките од лубеница, направете лековит чај од нив

Во топлите денови уживаме да јадеме лубеница бидејќи е освежителна, слатка и ...