Зелен чај, зошто?

Без разлика дали се користи како пијалак, бања или како влажна облога, оваа благотворна течност ја поттикнува детоксикацијата на организмот, топењето на мастите, го забавува процесот на стареење, го спречува задржувањето на течности, ја реактивира циркулацијата на крвта и ја затегнува кожата.

zc77Овој пијалак содржи вредни супстанци како полифенол, катецин, кверцетин, кофеин, теофилин, теобромин, витамини Ц, Е, Б и К, минерали и олигоелементи, цинк, калиум и магнезиум.Зелениот чај е моќен антиоксиданс бидејќи го спречува дејството на слободните радикали кои предизвикуваат појава на малигни заболувања, кардиоваскуларни и други болести. Покрај тоа, го чисти телото од токсини, го забрзува метаболизмот, ја ублажува болката, го забавува процесот на стареење и го намалува нивото на холестерол во крвта. Тој е ефикасен против воспаленија, го регулира функционирањето на тироидната жлезда, но ефикасен е и против депресија, ги олеснува ревматските болки, штити од кариес, го регенерира црниот дроб.

Ја подобрува меморијата

Луѓето кои редовно консумираат зелен чај се изложени на значително помал ризик од деменција во староста. Истражувањата покажаа дека кофеинот од чајот делува на кората на големиот мозок, поради што човекот побрзо ги поврзува мислите. Со тоа се зголемува способноста на меморијата, ја подобрува концентрацијата, мотивацијата и издржливоста, а интелектуалната работа станува полесна и поуспешна. Некои компоненти на зелениот чај може да ги заштитат мозочните клетки од штетните процеси кои ги придружуваат алцхајмеровата и паркинсоновата болест.

Подмладува

Секојдневното консумирање на зелен чај го забавува стареењето на кожата и го спречува нејзиното сушење. Три чаши дневно може да помогнат кожата да  закрепне од штетните ефекти на сончевите зраци. Од оваа причина, зелениот чај се почесто е една од главните состојки во многу козметички производи.

zc123

Го забрзува метаболизмот и ги топи мастите

Флавоноидите од зелениот чај, посебно катехинот, го спречуваат штетното влијание на слободните радикали кои се најодговорни за губењето на тонусот на кожата. Катехинот го забрзува елиминирањето на вишокот на течности и заедно со кофеинот го стимулира согорувањето на мастите и го забрзува метаболизмот . Неодамнешните истражувања потврдија дека активните својства на зелениот чај значително  влијаат на намалувањето на дневното внесување на калории.

За целосно да се искористат позитивните својства на овој корисен пијалак, една полна лажичка со лисја ставете во 200 мл врела вода и оставете да стои 2-4 минути, не подолго, затоа што  така се губи стимулативниот ефект. Се цеди и се пие по една чаша чај наутро за време на појадокот и попладне (за стимулирање на дренажата).

Штити од рак

Зелениот чај го спречува развојот и прогресијата на ракот. Катехините изобилуваат во оваа напивка и го спречуваат дејството на ензимот урокиназа кој е одговорен за создавање на здрави клетки. Јапонските научници откриле дека зелениот чај  е ефикасен во спречување на ракот на јајници и ракот на дојка, го намалува ризикот од рак на желудникот, црниот дроб и рак на простатата и ја подобрува здравствената состојба на пациентите со малигни заболувања. Антиоксидансите кои ги содржи зелениот чај можат да заштитат и од промена на ДНК структурата предизвикана од штетното дејство на УВ зрачењето, а од неодамна интензивно се работи и на формулите за кремите со состојки на зелен чај кои се добра превенција од рак на кожа.

Ги ублажува алергиите

Резултатите од научните истражувања покажале дека редовното консумирање на зелен чај може да им донесе олеснување на луѓето кои страдаат од алергии. Истражувачите во Јапонија ја идентификуваа компонентата на зелениот чај која го блокира клучниот рецептор на клетките кои се вклучени во развојот на алергиски реакции.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните ...