Убавината на изгледот на Амал Клуни е во едноставноста. Кога моделите се класични, а деталите се минимизираат, смел избор на боја нема да ја наруши елеганцијата.
А овојпат, госпоѓа Клуни се одлучи за нијанса која традиционално се поврзува со есенската сезона.
Зеленото палто и здолниште со миди должина е од колекцијата „Барбери“ за сезоната есен 2019.
Изгледот пак, е заокружен со голем модел на чанта, предимензионирани очила за сонце и елегантни чевли на високи потпетици.