Зелено смути за слабеење и детоксикација

Овој многу здрав и нутритивно богат смути се подготвува за неколку минути.

Познатиот „грин смути“ го алкализира организмот, а при тоа помага во симнување на вишокот килограми, објаснува нутриционистката Џеј Џеј Смит, авторка на книгата „Грин смути“.

-Жален е фактот дека 95 отсто од луѓето кои се на диета, изгубените килограми повторно ги враќаат за три до пет години. Доколку земате апчиња за слабеење или следите одреден режим на исхрана или вежбање, штом ќе престанете со тоа, килограмите брзо ќе се вратат. Губењето на килограми е многу повеќе од тоа, вклучува и голема промена во начинот на живот.

Смит не уверува дека зелениот смути е многу ефикасен за слабеење. Затоа, доколку редово го пиете, резултатите сигурно нема да изостанат. Секако, прв чекор во редукција на тежината е квалитетната детоксикација.

-Со години им помагам на луѓето да ослабнат без диета. Креаторка сум на системот ДЕМ (детокс, јадење, движење). Зелениот смути за детоксикација го препорачувам на сите, тој комплетно ќе го исчисти организмот. Со негова редовна конзумација ќе влијаете на сетилото за вкус да посакувате здрава и природна храна, објаснува Смит.

За да направите зелено смути употребете – свежа рукола, блитва, шака спанаќ, шака зелена салата, магдонос, шака брокула, малку краставица и кељ, заедно со половина чаша вода. Намирниците убаво измијте ги, исечкајте ги и ставете ги во блендер и додадете ја водата. Кога ќе добиете совршен кашаст сок, додадете 1 портокал (без кора) и шолја одмрзнати малини (или свежи). Малините и портокалот помагаат во процесот на слабеење, а на смутито ќе му додадат убав вкус. Уште еднаш се заедно изблендајте и смутито претурете го во чаша. Смутите испијте го веднаш по подготовката.

Смит советува во зеленото смути да не се додава ни шеќер ни сол.

Зеленото смути помага за:

-подобрување на системот за варење и гарантира редовна „столица“

-го активира и забрзува метаболизмот

-прави детоксикација и ги елиминира токсините од телото

-го хидрира организмот на совршен начин

-ги топи масните наслаги

 

x

Check Also

Возењето велосипед е нешто најблиску до летањето – 16 јули светски ден на велосипедизмот

Робин Вилијамс на прашање од wall street journal зошто толку многу сака ...