Зен карантинот на Арнолд Шварценегер

Што би можело да биде порелаксирачко од тоа да гледате две среќни животни како бркаат еден со друг на зелен тревник? За Арнолд Шварценегер, ништо. ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА. 

Поради оваа причина, актерот им предложи на своите следбеници зен момент од денот: погледнете го видеото, снимено од самиот Арнолд и споделено на социјалните мрежи, во кое главни протагонисти се  неговите миленици, пони и магаре, кои среќно си се бркаат на тревникот на неговиот имот во Калифорнија.

Понито Виски и магарето Лулу станаа вистински ѕвезди на социјалните мрежи, откако поранешниот гувернер на Калифорнија почна да споделува постови во нивно друштво. Следбениците пак, се натпреваруваат да му постават прашања за неговите животни. Така, Терминаторот им подари на своите обожаватели посебен подарок: ексклузивно видео од неговите пријатели со четири нозе. Целта на видеото е да направи фановите да се релаксираат.

„Продолжете да ме прашувате за Виски и Лулу. Денес ги гледав како се бркаат цели 3 минути по нивното капење.“, напиша глумецот, споделувајќи го триминутното видео и нагласувајќи „Знам дека е предолго за Инстаграм, но не ми е гајле“.

View this post on Instagram

Never eat alone.

A post shared by Arnold Schwarzenegger (@schwarzenegger) on

Инаку, за своите фанови Арнолд Шварценегер смисли и маички со позитивни пораки да останат дома во периодот на кризата предизвикана од коронавирусот, а на принтот – се разбира, се неговите омилени животинчиња.

x

Check Also

Енио Мориконе напишал проштално писмо: „На мојата сопруга Марија најболно збогум“

„Не сакам да ве вознемирувам“. Во тивок стил кој што го карактеризираше ...