Зендаја е лице на новиот парфем на Lancome

Lancome ја претстави кампањата за својот нов парфем насловен Idole, а главно лице на кампањата е холивудската ѕвезда Зендаја.

Кампњата го носи мотото “I can, we will”.

Новиот мирис е веќе достапен во продажба. Главна нота се розите од Турција кои се одгледуваат исклучително за брендот Lancome, а тука се и нотите од бергамот, крушка и индијски јасмин.

Инаку, Зендаја е најавена како амбасадорка на Lancome на почетокот на оваа година, а лице за парфемот Idole таа стана минатиот месец.

-Idole е парфем кој има значење. Ми се допаѓа што е свеж и лесен. Многу сум специфична кога станува збор за парфемите, а Idole мириса прекрасно, изјави Зендаја.

x

Check Also

ЧИСТИ ФОРМУЛИ – МОЌНИ РЕЗУЛТАТИ!

Новата линија за нега на кожа на AVON е составена од 5 ...