Жени во блејзери, мажи во хеланки

Се инспирира од структурата, формите, андрогени, симетрични и аисиметрични дизајни на силуетата. Практикува мешање на машки и женски парчиња облека кои ги спојува во нејзините колекции, како и дизајн на посебно машки и женски колекции, употребувајќи секакви видови на кроење, различни текстури во составувањето до контрастот мат и сјај, неочекувани детали и силуети.

sb2
Сабрина Гох е родена во Малезија, Сингапур, каде што дипломира на отсекот моден дизајн на Kолеџот за уметности Lasate-Sia. Нејзините почетоци датираат уште во времето на студирање како практикант – стилист во студиото за дизајн Медиакорп во Сингапур. По дипломирањето, таа се приклучува во тимот на неколку локални модни брендови и во модната куќа „Sino London” како матичен дизајнер на куќата на договор од две години. Пресвртот во нејзината кариера се случува кога е избрана за финалист на Модната недела на млади дизајнери во Сингапур со нејзината колекција Cupid & Psyhe и Future Fistion.

sb3

Ги поставува моделите заробени во мрежи и врзани со јажиња во садо – мазохистичките мотиви и позадини во кои преовладува црната боја и мини фустаните со неправилни кроеви и волуменски преклопи во долниот дел. Карактеристични се и тесните панталони со резови на колениците како и палтата со машки крој во бела и црна боја. Црни наметки со метални патенти како и класичната кошула со висока јака прицврстена и силно стисната на торзата на моделите во висина на машкото адамово јаболко.

sb4

Емпатијата се достигнува кога како „јаготката на шлагот” ги поставува нејзините детали и накит кои ја комплетираат сликата. Ги реди и спојува обичните пластични (метални) закопчувачи кои децата ги имаат на класичната училишна чанта. Од нив прави накит, ги закачува на нејзините половични ракавици или прави женствен топ спојувајќи ги само нив. Кошулите се во по нежни тонови розова и млечно бела како и темно сина, но сепак не го напуштаат правилото на класичната струкирана кошула со наглите отстапувања во должината и привремените плисирања на материјалот во неколку ката во предниот дел на кошулата.

sb3

За „финито” е класичниот Чаплин чевел со зашилен врв, но не со мат и валкан изглед како во црно белиот нем филм. Женствената варијанта, мини фустаните и припиените панталони ги комбинира со грубиот класичен машки чевел или со предизвикувачка женска потпетица. Елохим, името на нејзината модна линија (Елохим: јехова, бог) претставуава бог на нејзината визија и силна мотивација заедно со тимот да ги создава и следните колекции на Елохим.

-3
Сабрина има посебна наклонетост за строги акроматски колор шеми, но оваа сезона таа додаде еден удар на електрично сина кое резултираше на огромен успех. Моделите се симетрични и асиметрични ама  и двополови. Жените се облечени во блејзери, мажите пак се облечени во припиени фармерки. Се разнишува класичната линија дека жените посмело ги носат елеците и блејзерите од мажите додека тие се во состојба да ги носат припиените женски панталони со ни најмало чувство за комплекс.

4
Овојпат тесните машки фармерки се едно спротивставување за Сабрина во времето кога девојките ја крадеа облеката од нивните момчиња, ги крадеа нивните блејзери, фармерки, елеци… сега момчињата почнаа да крадат од гардеродерот на нивните девојки. Едноставно, засилување на либералниот дух.

М.Р.

x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...