Позната по уметничкото име Гјуци Николела, оваа девојка од Неготино е модел и сопственичка на ноќниот клуб Акрополис во нејзиниот роден град.
Николела има 19 години, настапувала на неколку модни избори за убавина во странство, секогаш се пласирала на високите места, но овојпат верува дека од следниот избор ќе се врати и со награда.
Висока е 174 сантиметри, доста време посветува на нега и вежби тежнеејќи кон совршен изглед.
Внимава на здравата исхрана и постојано, како што вели, се надградува за да ги достигне пропорциите и стандардите кои се бараат во модните светски метрополи.
Како сопственичка на ноќниот клуб Акрополис времето го минува и во организација на настани кои постојано се случуваат во клубот.
Нилолела соработува со модната агенција Пантермоделс од Скопје која ја поддржува во нејзините модни ангажмани надвор од Македонија и од каде велат дека оваа надежна менекенка достоинствено ќе ја претставува земјата на некои од важните модни случувања во светот.