Згодни на плажа со костими за капење кои разубавуваат: Golden Point нова колекција

Да не се залажуваме, костимите за капење знаат да направат да изгледаме повитки или покрупни, знаат да ги нагласат нашите најубави делови, но можат да го постигнат и спротивниот ефект. Штосот е да се одбере вистински костим за капење, тој да биде од етаблирана модна марка, да има совршен крој (при тоа да биде уште и многу модерен), да е дизајниран од специфичен материјал или накратко, да ја носи на себе етикетата „ Golden Point“.

gp 28

„И годинава женската колекција на костими за капење „Golden Point“ носи пријатни и освежувачки новитети. Покрај класичните модели кои се неизбежен дел од секоја колекција, „Golden Point“ ни нуди широка палета на модели и бои  кои ќе го задоволат и најпребирливиот вкус“, ни објаснува бренд менаџерот на Голден Поинт.

gp 20

Навистина не се чудиме зошто девизата на новата колекција е „Сензуални, женствени и уникатни“. Барем не ние, кои еднаш сме ги облекле овие модни парчиња за разубавување и во нив сме се чувствувале полни со самодоверба и многу женствени. И повторно сме се вљубиле во секое делче од нашето тело (кое до пред малку не сме го сакале баш), благодарение на овие наши сојузнички, скорени до совршенство поради нас (не баш совршените), помодерни и од нас самите (следбенички на модата), и попријатни за носење од нашата „гола“ кожа.

Заборавивме ли уште некоја причина зашто ТОЛКУ ги сакаме?

„ Светкавите гламурозни  и софистицирани еднобојни модели  на Philippe Matignone го носат годинешниот примат во колекцијата, со кои сигурно нема да останете незабележливи.

Животинскиот  принт на дел од  „Sisi“  костимите за капење  ќе направи да изгледате  егзотично и заводливо,  цветниот и чипкастиот дезен  ќе ја потенцира  вашата романтична  женственост, додека  веселите геометриски шари на „Golden Lady“, младешката  линија, ќе ве одведат директно на крајбрежните  техно-  забави“, додава бренд менаџерот на Голден Поинт.

Колекцијата 2015 е надополнета и  со едноделни костими и трикини  кои го затегаат и обликуваат  телото.

За заокружување пак, на целиот моден летен имиџ, тука се и колекцијата на фустани односно туники за плажа, со дезени и материјали согласни со костимот за капење.

 

И, како да не ги сакаме?

Костимите за капење и модните додатоци за плажа од модната марка Golden Point побарајте ги во Goldenpoint Skopje City Mall.

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...