Омилениот креатор на светските ѕвезди се инспирира од други креатори.
Вечерните фустани на Зухаир Мурад се обожавани од славните, од Џенифер Лопез до Ева Лонгорија и Миранда Кер, сите се „луди“ по Мурад.
Сепак, не му е првпат на познатиот дизајнер да се инспирира од други креатори. Откако модните критичари и’ покажаа на јавноста во која мера Мурад „ѕирка“ во скиците на Диор, а особено на Живанши, тој „мртов-ладен“ лансираше креација која е чиста копија на Прабл Гурунг, модниот креатор со непалско потекло. И можеби немаше толку скандалот да одекне во јавноста ако истата не беше наменета за Селена Гомез.